VICTO се грижи за сите различни типови на торакални малигни болести.
Карцином на белите дробови
Карциномот на белите дробови е водечка причина за смрт поврзана со ракот, како кај мажите така и кај жените, ширум светот.
Неодамнешните иновации и напредокот во дијагностицирањето, стационирањето и терапијата во раната фаза и локално напредниот не-ситно клеточен белодробен карцином (NSCLC) ја сменија парадигмата за третман на пациенти со рак на белите дробови.
Кај оваа болест во рана фаза, со примарна радикална ресекција - со употреба на конвенционални или минимално инвазивни пристапи - заедно со систематска дисекција на лимфни јазли е најпосакуваниот пристап за постигнување на куративен третман на пациентите.
Кај локално напреднатиот карцином на белите дробови, операцијата обично се комбинира со предоперативна терапија,како што се хемо-, имунолошки или таргетиран третман и радиотерапија во избрани случаи. Воведувањето на имуно и таргетирана терапија значително го подобри исходот на наореднатата болест кај овие пациенти.
Плеврален мезотелиом
Малигниот плеврален мезотелиом (МПМ) е ретка, но агресивна форма на малигнитет што произлегува од површината на белите дробови и внатрешната површина на ѕидот на градниот кош (плевра). Во 80% од случаите, изложеноста на азбест е забележана како главна причина за развој на обој тип на карцином.
Тримодални стратегии за третман, кои вклучуваат комбинација на хемотерапија, радикална хирургија и зрачење се фаворизирани главно за пациенти со епителоиден подтип на МПМ. Од хируршките техники се применуваат Екстраплеврална пневмонектомија, која има за цел да обезбеди радикална ресекција, или.
Плевректомија / Декортикација, која има фокус на циторедукција.
Други, неодамна истражени локорегионални тераписки пристапи вклучуваат хипертермичка интраоперативна хемотерапија, како и фотоодинамична терапија и комбинација на третман со мултимодалност со имунотерапија.
Тумори на тимус
Малигномите на тимус се ретки медијастинални тумори, кои се сметаат ретки болести заради нивната ниска застапеност.
Најновата хистолошка класификација ги дели туморите на тимус во тимоми, карциноми на тимус и невроендокрини тумори на тимус.
Во рана фаза на болеста, со добро дефиниран тумор без вклучување на соседните медијастинални органи, примарната радикална операција, или со видеотораскоскопски или роботски пристап, е третман на избор.
Во понапредни фази, докажано е дека пристапите за третман на мултимодалитет, вклучувајќи системски третман, радиотерапија и хирургија, даваат добар резултат на долг рок кај избраните пациенти. Дури и случаи со туморска инвазија на плеврата или белите дробови денес успешно може да се извршат операции како дел од режимот за третман на мултимодалност.
Карцином на езофагус
Главен симптом на карциномот на хранопроводникот е дисфагија поради опструкција на луменот на хранопроводникот. Дванајчести хистолошки подтипови на карцином на хранопроводот се сквамозен тип и адено-карцином со променлива стапка на зачестеност по регион.
Концептите за третман најчесто се мултимодален тип, кој не само што вклучува операција, туку и најсоодветна неоадјувантна хеморадио терапија.
Опцијата на хемо-радио терапија се користи кај некои пациенти со мал обем на тумор или тумор во цервикалниот регион. Хируршките техники вклучуваат конвенционални и минимални инвазивни варијанти во зависност од локацијата и големината на туморот.
И двата типа на третман имаат за цел да обезбедат радикална ресекција . Кај напредните форми на рак на хранопроводникот, палијативниот третман со ендолуминално стентирање и терапија со зрачење го подобруваат квалитетот на животот.
Саркоми на торакалниот ѕид
Саркомите на ѕидот на градниот кош се поделени на саркоми на коските и меките ткива и вклучуваат хетерогена група на рак како што се хондросарком, остеосарком, Ewing сарком, липосарком и други.
Туморите на ѕидот на градниот кош можат најдобро да се проценат со компјутерска томографија со контраст и магнетна резонанца.
Потребна е биопсија за хистолошка потврда за да се испланира пристапот за третман на мултимодалитет, вклучително и (нео-) адјувантна системска терапија. Како и да е, радикалната ресекција на ѕидот на градниот кош со маргини без тумор останува камен-темелник на терапијата и му е потребна реконструкција на добиениот дефект од протетски материјали и / или клапчиња на мускулите.
Со овие техники може да се постигнат добри козметички и функционални резултати. Прогнозата на пациенти со сарком е многу зависна од радикалноста на ресекција и од типот на туморот.
Белодробни метастази
Белите дробови се втората најчеста локација на далечни метастази од екстрапулмонални малигни тумори, главно, колоректален карцином, карцином на бубрезите, сарком на меките ткива, остеосарком, карцином на дојка и неколку други.
Неодамна, комбинацијата на системски третман со хируршка ресекција секогаш кога е можна, резултираше со продолжено преживување или дури и лекување кај висок процент на пациенти.
Преферираните хируршки техники, отворени или минимално-инвазивни зависат од бројот, големината и локацијата на метастазите на белите дробови.
Прецизна хистолошка и молекуларно генетска проценка на отстранетите метастази овозможува во третманот да се корусти таргетирана терапија или имунотерапија. Билатералната метастасектомија, како и реметастасектомија за рекурентна болест се подеднакво важни опции за третман.