тим
Walter Klepetko, MD
Професор по торакална хирургија
Директор и раководител на клиниката за хирургија
Walter Klepetko е меѓународно признаен торакален хирург. Тој е професор и раководител на клиниката за торакална хирургија на Медицинскиот универзитет во Виена, заради посебно искуство и репутација во хирургијата на комплексни торакални заболувања.
Тој е поранешен претседател на Европската асоцијација за кардио-торакална хирургија (EACTS) и поранешен европски претставник во Советот на американската асоцијација на торакални хирурзи (AATS). Неговата научна работа се состои од повеќе од 700 оригинални публикации.
Christoph Zielinski, MD
Професор по медицинска онкологија
Christoph Zielinski е меѓународно признаен медицински онколог. Тој е професор по клиничка имунологија и медицинска онкологија на Медицинскиот универзитет во Виена, а во моментов е директор на Центарот за рак во Виена.
Тој е претседател на Централноевропската група за кооперативна онкологија, член на Советот на Европското здружение за медицинска онкологија и главен уредник на Интернет-списанието со отворен пристап на Европското здружение за медицинска онкологија „ESMO Open – Cancer Horizons“. Неговата научна работа се состои од повеќе од 600 публикации во рецензирани списанија.
Wolfgang J. Köstler, MD PhD
Професор по медицинска онкологија
Wolfgang J. Köstler ги завршил магистерските студии на Медицинскиот универзитет во Виена, Австрија, а докторските студии на Институтот за науки Вајзман, Израел.
Тој специјализира интерна медицина во 2004 година, вонреден професор по интерна медицина во станува во 2005 година и супспецијалист по хематологија / онкологија во 2007 г. на Медицинскот универзитет во Виена. Тој главно третира пациенти со солидни тумори вклучувајќи го и карциномот на белите дробови. Неговите научни интереси вклучуваат молекуларно таргетирани терапии, имунонкологија и тумори кај адолесценти и млади.
Philipp Peloschek, MD
Вонреден професор по радиологија
Д-р Пелошек студирал на Медицинскиот универзитет во Виена, Австрија. Тој специјализира радиоилогија во 2002 година и ги завршува пост-докторски студии во 2004 година.
Неговото истражување се фокусирна апликации за вештачка интелигенција за торакална и онколошка радиологија, како и хибридна радиологија. Од 2012 година тој планирал и изградил Радиолошки центар (www.radiology-center.com) во Wiener Privatklinic. Во оваа установа тој нуди целосен спектар на дијагностички радиологии и услуги за нуклеарна медицина за пациенти со торакални малигни болести.
Andreas Bacher, MD
Вонреден професор по анестезиологија
Д-р Бахер ги заврши студиите по медицина во 1991 година на Медицинскиот универзитет во Виена, Австрија. Специјализира на Катедрата за анестезиологија и општа интензивна нега на Медицинскиот универзитет во Виена. Помеѓу 1996 и 1997 година на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Тексас во Галвестин, САД, тој прави детално истражување за невролошката функција и спречување на невролошки оштетувања по исхемија и траума на главата. Оттогаш, неговиот научен интерес е насочен кон кардио-пулмоналните проблеми при интензивна нега.
Тој сега работи како заменик претседател на Одделот за општа анестезија и интензивна нега на Медицинскиот универзитет во Виена, каде работи во специјализирана единица за интензивна нега.
Gerhard Dekan, MD
Вонреден професор по патологија
Dr Dekan е вонреден професор по патологија на Клиничкиот институт за патологија на Медицинскиот универзитет во Виена / АКХ Виена, со главен фокус на патологијата на белите дробови. Од 1986 до 1991 година билпостдокторски соработник и научник за истражување на Одделот за клеточна биологија, Yale University UCSD School of Medicine. Во 1991 година се приклучува на програмата за трансплантација на белите дробови во Виена како патолог и на тој начин се повеќенавкегува во патологијата на белите дробови.
Од 1995 г. Dr Dekan работи како раководител на работната група за патологија на белите дробови на Клиничкиот институт за патологија на медицинскиот универзитет во Виена. Повеќето од неговите истражувачки студии беа направени со Одделот за торакална хирургија, MUW фокусирајќи се на трансплантација на белите дробови и тумори на белите дробови.
Claus Krenn, MD PhD
Професор за анестезиологија
Claus Krenn студирал на Медицинскиот универзитет во Виена (MUW), а подоцна специјализирал анестезиологија и интензивна нега. Неговата истражувачка работа се фокусира на сепса и респираторна слабост. Тој ја задржува позицијата професор по анестезиологија и интензивна нега во MUW и е раководител на една од нејзините единици за интензивна нега.
Објавил повеќе од 100 оригинални трудови и поглавја за книги.
Д-р Мир Алиреза Хода
Доктор на науките и Доцент по хирургия
Д-р Хода завършва медицина в Медицинския университет Виена през 2006 г. и се хабилитира като Доктор на науките в транслационните изследвания на ракови заболявания през 2017 г. в същия университет. Той е специалист по гръдна хирургия и интервенционална бронхоскопия в Отделението по гръдна хирургия на Катедрата по хирургия, Медицински университет Виена. От 2008 г. фокусира своите клинични и изследователски дейности върху торакалната онкология с акцент върху злокачествен плеврален мезотелиом и рак на белия дроб.
Той е директор на отдела за гръдни злокачествени заболявания на Австрийското дружество за Оперативна онкология. Неговият клиничен интерес са минимално инвазивната торакална хирургия (анатомични резекции VATS) и диагностика,стадиране на рак в гръдния кош чрез ендоскопия (включително EBUS).