VICTO ги нуди сите потребни услуги за дијагностицирање, лекување и поддршка на пациентите со торакални малигни болести.
Дијагноза
Сите видови на бронхоскопски испитувања и целосна хистопатолошка и молекуларно-генетска евалуација.
Најсовремени радиолошки методи за дијагностика како што се:
PET / Компјутеризирана томографија, магнетна резонанца, ултразвук, ангиографија.
Третман
Хирургија
VICTO нуди целосен спектар на хируршки интервенции, од минимална инвазивна до максимална радикална хирургија.
- Видео асистирана торакална хирургија (VATS)
- Унипортална хирургија
- Миниторахотомија со зачувување на мускулите
- Ракавести ресекции (Sleeve resections)
- Сложени ресекции
- Ресекции на торакалниот ѕид
Медикална онкологија
VICTO нуди целосни и најнови современи медицински онколошки третмани.
- Персонализирана медицина
- Таргетирана терапија
- Имунотерапија
- Хемотерапија
- Различни видови комбинации на терапии
Според индивидуалната состојба, на пациентите им се нуди учество во најновите клинички студии, како и индивидуализирани форми на лекување.
Грижа и удобност
Ние се грижиме за нашите пациенти со емпатија и ентузијазам.
Ние нудиме упатства за живеење со малигна болест, вклучувајќи и совети за исхраната и физиотерапевтски инструкции.
VICTO дел од Центарот за рак на WPK и нуди врвен квалитет на сместување на Vienna Private Clinic.